Николас Анелка дека Челзи сеуште може да се надева не титулата во Премиер лигата и покрај поразот од Манчестер Јунајтед.
Челзи одигра катастрофално на Олд Трафорд и загуби 3-0 од Манчестер Јунајтед.
Сините сеуште се на второто место на табелата со четири бида зад Ливерпул и еден бод пред Манчестер Јунајтед, но шампионот има два натпревари помалку.
И покрај високиот пораз Анелка е оптимист и сеуште се надева на титулата.
"Фановите се фрустрирани од нашите последни резултати, што е логично" - вели Анелка.
"И ние фудбалерите сме загрижени, не можеме да бидеме среќни нашите игри".
"Позитивно е тоа што ние сеуште сме на добра позиција на табелата".
"Знаеме дека ќе биде многу тешко, но се е возможно" - заврши Анелка.