Поранешниот тренер на Челзи, Аврам Гранат го советува клубот да не го продаваат напаѓачот Дидиер Дрогба
Повреди, суспензии и слабата форма го ограничија бројот на стартови на Дидер Дрогба во новата сезона под водство на Луис Фелипе Сколари.
Грант, кој заработи отказ на крајот од минатата сезона го советвува својот поранешен клуб да не го продаваат интернационалецот од БСК.
“Дидиер е многу фина личност кој има многу емоции.” – рече Грант.
“Но фудбалот е емоционална игра и Дрогба е многу стасен играч.”
“Потребно е тој да остане така.”
“Не е секогаш лесно со него. Тој е одличен играч, еден од најдобите напаѓачи во светот и многу интелегентен.”
“Ниту еден играч неможе да биде добар постојано и понекогаш кога
имаш повреди, може да биде фрустрирачки. Кога работите ќе тргнат на
полошо често кажуваш дека сакаш да заминеш.”
“Тој разговараше со мене за ова и Жозе Мурињо и претходно. Но сигурен сум дека може да постигне уште многу погодоци за Челзи.”