Челзи Фан Клуб
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Челзи Фан Клуб

Вести, дискусии и се останато поврзано со Челзи!


You are not connected. Please login or register

Пораз од Ливерпул на Енфилд

Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Пораз од Ливерпул на Енфилд Empty Пораз од Ливерпул на Енфилд Нед Фед 01, 2009 10:12 pm

Admin

Admin
Admin

Пораз од Ливерпул на Енфилд Liverpoolchelseaxs5

Со двата гола во самиот финиш на Фернандо Торес, Ливерпул го победи Челзи и останува во трката за титулата во Премиер лигата.

Ливерпул го доби големото дерби против Челзи, Црвените кои имаа
апсолутна доминација во текот на целиот натпревар дојдоа до големи три
бода со кои ја продолжуваат трката со Манчестер Јунајтед.

Судијата Мајк Рајли не беше на висината на задачата, најголемата
грешка ја направи во 60та минута кога престрого му покажа црвен картон
на Лампард.

Првото возбудување на натпреварот се случи во 11та минута, Чаби Алонсо упати бомба од далечина, Чех одлично одбрани.

Седум минути подоцна и Маскерано се обиде од далечина, но Чех повторно одбрани.

Во 30та минута Фернандо Торес се обиде, но неговиот удар беше блокиран од Алекс.

На три минути пред крајот на првото полувреме, Риера одлично
шутираше, Чех ја одби топката, Ешли Кол за малку ќе ја затресеше
сопствената мрежа.

Ливерпул продолжи со нападите и во второто полувреме, во 51та минута кикс на Алекс, Дирк Кајт не биеше прецизно.

Две минути подоцна Фернандо Торес имаше прекрасна прилика, Алекс уште еднаш блокира.

Во 60та минута се случи можеби клучниот момент на натпреварот,
судијата престрого му покажа црвен картон на Лампард, Челзи остана со
фудбалер помалку.

Ливерпул уште толку го засили темпото, Челзи со сите сили и се препушти на одбраната.

Во 68та минута Чаби Алонсо се обиде од далечина, топката го зафати Алекс, а потоа и Чех одбрани.

Четири минути подоцна корнер за Ливерпул, лоша интервенција на одбраната на Челзи, Торес шутна но Микел исфрли во корнер.

Дури во 75та минута Челзи го имаше првиот шут во рамките на голот на Реина, Калу биеше млако, голманот одбрани.

Во 80та минута Бенајун прекрасно шутираше и му овозможу уште една одлична интервенција на Чех.

Истиот фудбалер се обиде и две минути подоцна, но неговиот удар заврши над голот на Челзи.

Во 89та минута ерупција на Енфилд, центаршут на Аурелио, прекрасен гол на Фернандо Торес со глава, водство на Ливерпул од 1-0!.

Минута подоцна Џерард имаше одличен обид, Чех со крајни напори исфрли од под самата пречка.

Во 94та минута Торес постигнува уште еден гол и го запечати овој натпревар, победа на Ливерпул од 2-0.

Голема радост на навивачите на Ливерпул, Челзи е се подалеку од титулата во Премиер лигата.

https://chelseafansmk.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот