35-годишниот голман, кој беше во Челзи од 1999 година, беше прв избор се додека Петр Чех не пристигна во 2004 година."Во овој момент тимот не е во најдобра позиција, но не е важно бидејќи дојдов да донесам искуство и да го предизвикам тимот да оди напред"- додаде тој.
35-годишниот голман, кој беше во Челзи од 1999 година, беше прв избор се додека Петр Чех не пристигна во 2004 година.
"Ги запознав двајцата голамни на Тотенхем, Еурелио Гомез и Бен Алвик
така што ќе биде фантастично да работам со нив и ќе се обидеме да се
предизвикаме едни со други за подобра конкуренција што е секогаш добро за тимот"- кажа Кудичини.
"Во овој момент тимот не е во најдобра позиција, но не е важно
бидејќи дојдов да донесам искуство и да го предизвикам тимот да оди
напред"- додаде тој.
Бразилецот Гомез моментално се бори со повреда и Кудичини може да го
направи своето деби во вторник на натпреварот против Стоук и Кудичини вели дека не се кае што доаѓа во тим кој се бори да се спаси од зоната на испаѓање.
"Има уште пет месеци до крајот на сезоната и треба да се бориме на
секој натпревар и се надевам дека ќе придонесам за поени. Се радувам на
својот избор бидејќи беше време да најдам нов предизвик"- кажа уште
голманот.
"Бев во Челзи 10 години и тоа беше одлично искуство, но време е да продолжам понатаму"- продолжува тој.
Кудичини кажа уште дека неговиот почеток на "Вајт Харт Лејн" беше
идеален откако се запозна со еден од легендарните голмани на Тотенхем,
Пет Џенингс.
"Запознав голем голман првото утро во Тотенхем - Пет Џенингс. Тоа е одличен старт"- заврши Кудичини.