Екипата на Челзи го потврди доаѓањето на Гус Хидинк на привремена основа до крајот на сезоната
Гус Хидинк се издвои како галвен кандидат за кормилот на Сините
откако во понеделникот Роман Абрамович му врачи отказ на Сколари.
Иако во прв момент агентот на Холанѓанецот најави дека ја одбиваат
таквата можност, Хидинк подоцна се предомисли и рече дека прави услуга
за неговиот пријател Абрамович на кого му е потребна помош и затоа се
нафаќа на оваа работа.
Самиот Хидинк во интервју за медиумите од неговата родна земја најави дека од следната недела започнува со работа во Челзи.
Истото сега го потврди и тимот од Стемфорд Бриџ преку соопштение на својата официјална веб страна.
“Екипата на Челзи е задовлна што може да потврди дека Гус Хидинг ќе
биде привремен тренер до крајот на сезоната.” – гласеше соопштението на
официјалната страна на Челзи.
“Тој ќе се сретне со играчите во текот на оваа недела.”
“Клубот сака да ја искористи оваа можност да се заблагодари на Руската Фудбалска Федерација за разбирањето и кооперацијата.”