Луис Фелипе Сколари повеќе не е тренер на Челзи
Подолго време беше нестабилна позицијата на Сколари во Челзи,
незадоволството кулминираше по нерешениот резултат на Стемфорд Бриџ
против Хал.
Но ретко кој очекуваше дека раководството во овој момент ќе го отпушти Сколари.
Во соопштението на официјалната страна, раководството му се заблагодарува на Сколари за досегашната работа.
Лошите резултати и игри на тимот во клучниот дел од сезоната се главната причина за оваа одлука.
Челзи се стреми кон освојување на титули, и смената на Сколари се наведува како единствена опција во моментов.
Клубот во најскоро време ќе назначи нов менаџер, веќе е почната потрагата по наследникот на Сколари.
До тогаш тимот ќе го води асистентот, Реј Вилкинс.