Менаџерот на Челзи, Луис Фелипе Сколари вели дека ќе менува нешто во следните натпревари.
Челзи доживеа тежок пораз на Олд Трафорд, фудбалерите на Луис Фелипе Сколари не создадоа ниту една шанса на овој голем натпревар.
Се поголеми се критиките кон Луис Фелипе Сколари кој конечно најавува промени.
"Не создадовме многу шанси и во последната минута од првиот дел примивме гол кој промени се" - изјави Сколари по натпреварот.
"Во вториот дел тие играа по слободно, им го дадовме просторот кој го сакаа бидејќи ние моравме да напаѓаме".
Од последните осум натпревари Челзи успеа да победи само два, Сколари е подготвен за промени.
"Ние не дојдовме тука да играме вака".
"Дојдовме со намера да победиме, сега треба да размислуваме околу тоа што се случи со некои фудбалери, што се случува со играта од прекни, бидејќи во иднина треба нешто да менуваме" - заврши Сколари.