Челзи испрати жалба до ФА за црвениот картон на Френк Лампард добиен на синоќешниот натпревар против Ливерпул.
Челзи загуби на Енфилд од Ливерпул со 2-0, но клучниот момент на
натпреварот се случи во 60та минута кога судијата, Мајк Рајли му покажа
директен црвен картон на Лампард. Лампард стартуваше на Чаби Алонсо, но од повторените телевизиски снимки јасно се виде дека стартот не е толку сериозен за да добие црвен картон.
Челзи побара од ФА да го разгледаат инцидентот и да ја прифатат нивната жалба.
Од ФА потврдуваат дека е пристигната жалбата на Челзи.
"ФА ја прими жалбата од Челзи за Френк Лампард" - стои во соопштението на ФА.
"На Лампард му беше покажан црвен картон за време на натпреварот против Ливерпул".
"Регулаторната комисија утре ќе ја разгледа жалбата".