Челзи Фан Клуб
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Челзи Фан Клуб

Вести, дискусии и се останато поврзано со Челзи!


You are not connected. Please login or register

Манчестер Јунајтед го прегази Челзи!

+3
Revenger
ЧелзиФан
Admin
7 posters

Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Admin

Admin
Admin

Манчестер Јунајтед го прегази Челзи! Johnterryidrogbawv9


Манчестер Јунајтед му нанесе тежок удар на Челзи, Црвените Ѓаволи убедливо со 3-0 ги прегазија Сините од Стемфорд Бриџ.

Манчестер Јунајтед ја покажа сета своја големина во дерби натпреварот против Челзи, Ѓаволите на Сер Алекс Фергусон убедливо го совладаа конкурентот за титулата.

Сините немоќни како ретко кога, нов кошмар за Луис Фелипе Сколари за кого е се поочигледно дека неможе да се снајде во Премиер лигата.

Челзи пред очите на Мурињо не успеа да создаде ниту една шанса за гол, кризата во Синиот табор е се подлабока.

Натпреварот на Олд Трафорд не понуди фудбалска убавина, малку шанси за гол но многу жар и тензија.

Манчестер Јунајтед ја имаше иницијатива во почетокот на натпреварот но не успеа конкретно да се закани.

Челзи успеа да воспостави рамнотежа и да притисне кон голот на Ван дер Сар но ниту тие не успеаа да направар нешто повеќе.

И кога се очекуваше крај на првиот дел, се затресе мрежата на Челзи.

Најпрво Манчестер Јунајтед изведе брз корнер, Роналдо со глава погоди, но голот беше поништен поради неправилно изведен корнер.

Сепак, по поправниот корнер Јунајтед повторно ја тресеше мрежата на Челзи, овој пат Видиќ постигнува регуларен гол за голема радост на Олд Трафорд, Манчестер поведе со 1-0.

На почетокот од второто полувреме, Сколари го внесе Анелка, но ниту тој не успеа направи нешто повеќе.

Во 63та минута по асистенција на Евра, Вејн Руни успеа да погоди за сигурно водство на Јунајтед од 2-0.

Во продолжението Челзи не успеа да се врати во натпреварот, Манчестер Јунајтед беше тимот кој доминираше.

На три минути пред крајот одлично изведен слободен удар на Роналдо, Бербатов погоди за конечен резултат од 3-0.

Голема победа на Манчестер Јунајтед, за доближување кон врвот и за зголемена самодоверба.

Луис Фелипе Сколари останува без победа на голем натпревар, многу непријатен пораз за Челзи.

https://chelseafansmk.macedonianforum.net

ЧелзиФан

ЧелзиФан
Навивач
Навивач

Ова е само една битка!Војната не е добиена!

Revenger

Revenger
Навивач
Навивач

Хехехе.Па слабо одигра Челзи т.е. заникаде.Вака не бива мора да се подобри Сколари cheers

AcMilan

AcMilan
Навивач
Навивач

Заслужени 3-0 Smile

Фудбалерче


Навивач
Навивач

каков ладен туш за челзи ХАХАХАХ lol!

аргир

аргир
Навивач
Навивач

Хехехе го прегазиле,го прегазиле голема работаа уживајте 'сини"

#Barca#


Навивач
Навивач

ЛЕЛееЕЕЕЕЕЕЕЕЕ колку сакав во Лига на Шампиони да се паднат Манчестер со барса па да видам дали ќе ги прегази како Челзи...
Челзи ЛУЗЕРС Wink

ЧелзиФан

ЧелзиФан
Навивач
Навивач

Ти мислиш дека барса 365 дена во година се ќе победува??? па нормално дека ќе започне во скоро време и таа да губи Wink

Sponsored content



Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот