Челзи Фан Клуб
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Челзи Фан Клуб

Вести, дискусии и се останато поврзано со Челзи!


You are not connected. Please login or register

Кои се проблемите на Челзи?

5 posters

Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Кои се проблемите на Челзи? Empty Кои се проблемите на Челзи? Саб Јан 17, 2009 3:36 am

Admin

Admin
Admin

Кои се проблемите на Челзи? Stoeproblemotqp2
Челзи ја почна сезоната со нов менаџер и големи амбиции. “Сините“
досега беа блиску до првото место, но во последните недели изгледа дека
е екипата е поблиску до распад отколку до шампионската титула во
Премиер-лигата. Најголем и најдобар доказ за тоа беше безличното
издание против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во неделата, па еве
една анализа за тоа што всушност му недостасува на Челзи за да биде
шампионски тим.


1. Престарен состав
Поставата која почна на Олд Трафорд во неделата во просек не е многу стара (околу 28 години) и во тој аспект, Манчестер Јунајтед имаше само малку помлад состав. Но, за разлика од актуелниот англиски првак, во тимот на Челзи имаше само еден фудбалер под 26 години (21-годишниот Џон Оби Микел). Повеќето фудбалери на Челзи одамна играат заедно и тоа е добро за тимот. Но, проблемот е во тоа што нема фудбалери кои би можеле да ги заменат искусните фудбалери во блиска иднина. Дали Франко ди Санто е напаѓач од светска класа? Засега може само да се каже дека има да игра уште многу.

И така, додека Алекс Фергусон уште долго време ќе може да ги користи
Руни, Еванс или Роналдо, Луис Фелипе Сколари ако остане на клупата и во иднина ќе мора да прави комплетно нов состав. Најлошата работа тука е што сопственикот Роман Абрамович сега нема желба да инвестира во тимот.

2. Еднообразна игра
Нападите на Челзи се одвиваат доста бавно и банално. Нема промена на ритамот за да му отежни работата на соперникот. Благодарение на Лампард, Балак и Деко додавањата не се проблем, но проблемот е што сето тоа се одвива на речиси идентичен начин. Нема човек кој може да внесе некоја промена, да излаже двајца противнички дефанзивци и да отвори простор на соиграчите. Тука до израз доаѓа отсуството на Есјен кој беше токму таков фудбалер,енергичен и знаеше да се закани од далечина.

Последниот класен дриблер во тимот на Челзи беше Арјен Робен, но тој се скара со Мурињо и тој во 2008 година го продаде во Реал Мадрид. Холанѓанецот си имаше слаби страни, но барем беше непредвидлив. Сега Челзи нема таков играч.

3. Противниците лесно ги запираат бековите
Ривалите на Челзи сфатија дека ако ги запрат Ешли Кол и Жозе Босингва да продираат по страничните позиции, во голема мерка ќе си ја олеснат
својата работа. Ливерпул прв го направи тоа и си замина со три бода од
Стемфорд Бриџ, а потоа го искористи и Манчестер Јунајтед во неделата.
Сколари секогаш во својата тренерска кариера играта ја базирал на
страничните бранители и со тоа го компензира недостигот на класични
крила бидејќи нивните места ги заземаат напаѓачи.

4. Дидие Дрогба

Челзи стана успешен тим со тактика при која единствениот напаѓач ја има клучната улога. Тој треба да се бори со двајца централни дефанзивци, да биде способен за маневар, да биде моќен и со сето тоа да го носи тимот на својот грб. Кога тоа не се случува, тимот се распаѓа. За да може
Челзи пак да заживее, Дрогба треба да си ја врати формата од
шампионските сезони. Досега не успева во тоа, а дефинитивно не може да игра во тандем со Николас Анелка.

5. Недостаток на желба за успех
И покрај сето досега наброено, тимот што излезе на Олд Трафорд беше
исклучително талентиран. Всушност, тоа е најдоброто што Челзи може да
го изнесе на теренот во овој момент. Дури и Мурињо да беше на
менаџерската клупа на лондонскиот тим, веројатно ќе се потпреше на
истите фудбалери. Но, ако Португалецот беше предводник на Челзи, тешко дека фудбалерите ќе го истакнеа белото знаме на почетокот од второто полувреме. Тоа покажа дека проблемот на Челзи повеќе недостаток на желба за победа и дух отколку недостаток на добри фудбалери.

Ако од страна се погледне екипата на Челзи, станува очигледно дека
нешто не е во ред во соблекувалната. Меѓутоа, не е јасно дали само
одделни фудбалери го уништуваат духот или Сколари и неговите помошници не се способно да ја смират ситуацијата.



Последната промена е направена од Admin на Пон Јан 19, 2009 4:30 am. Мислењето е променето 1 пати

https://chelseafansmk.macedonianforum.net

Admin

Admin
Admin

Тоа е реалната слика....

https://chelseafansmk.macedonianforum.net

StRateG

StRateG
Навивач
Навивач

Браво!Одличен пост многу ми се допаѓа што ги објавуваш и јавно критиките за клубот и лошите работи.ПОЗДРАВ!!!!!!!!! Razz

Admin

Admin
Admin

Ова е реално и мора да се објави а половината и повеќе ја знаат сликата во Челзи а за тие што не им е јасно еве им подетално што е проблемот. Wink

https://chelseafansmk.macedonianforum.net

StRateG

StRateG
Навивач
Навивач

Да да #1 си само така продолжи се најдобро Wink

ЧелзиФан

ЧелзиФан
Навивач
Навивач

Брзо ќе се надминат овие проблеми и за кратко време ќе го гледате Челзи што беше порано од 2005/2006 година Razz

AcMilan

AcMilan
Навивач
Навивач

Арјен Робен тоа најмногу им фали во тимот

#Barca#


Навивач
Навивач

И упорно продолжуваат со проблемите ги имаа и против Стоук Mad

Sponsored content



Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот